Мигрантите во Ламанш се заканија дека ќе си ги фрлат децата во вода

278

Нелегалните мигранти што минуваат низ Ламанш во мали чамци се закануваат дека ќе се удават себеси или своите деца за да ги вратат француските бродови, пренесува „Тајмс“.

Мигрантите од логорите заразени од коронавирус на францускиот брег го преминуваат англискиот канал во рекордни броеви, при што многумина навидум се придружувани во британските територијални води од француски бродови наместо да бидат пресретнати вратени назад.

Британската влада, која ѝ плати на француската влада милиони фунти за да ги запре мигрантите да ја користат Франција како отскочна штица за Велика Британија, ја бранеше оваа состојба – нападната од Најџел Фараж – со образложение дека француските власти според меѓународното право не можат да ги спречат мигрантите да побараат помош, и дека британските власти, на сличен начин, не смеат да ги вартат чамците туку мора да ги придружуваат до Англија каде што тие ќе ги достават своите лажни барања за азил.

Јавноста е скептична во врска со овие објаснувања, со оглед на тоа што Австралијците со години спроведуваат успешна политика за враќање на мигрантските чамци, но новите извештаи откриваат дека Французите имаат нов изговор за да не пресретнуваат мигрантите бидејќи дел од нив се закануваат дека ќе се фрлат во вода или тие или нивните деца ако бродовите им се приближат.

– Кога француските патролни бродови се приближуваат до чамците, мигрантите се закануваат дека ќе скокнат или ќе ги фрлат своите деца во вода за да ги спречат властите да им помогнат. Французите немаат друг избор освен да се повлечат и да ги следат чамците додека не се доближат до брод на пограничнтеи сили на Велика Британија – изјави во четвртокот Ричард Форд, дописник на „Тајмс“.

Јасно е дека мигрантите кои се однесуваат на овој начин вршат најразлични кривични дела според меѓународното право и домашните закони и на Велика Британија и на Франција, а сепак ниту една земја не дала никакви индикации дека ги апси нелегалните мигранти за вакви дела.

Исто така, останува нејасно зошто мигрантите не можеле сепак да бидат испратени назад во Франција по пристигнувањето на британска територија бидејќи меѓународните конвенции против таквите дејства не се правно обврзувачки.

Според „Телеграф“, британскиот секретар за внатрешни работи, Прити Пател,планира да донесе нови закони откако Велика Британија ќе ја напушти ЕУ за да може полесно да ги вратат мигрантите преку каналот во Франција.