Меј ќе остане на функцијата до понеделник

62

Британската премиерка Тереза Меј веројатно ќе биде отстранета од функцијата по изборите за Европскиот парламент, тврди член од нејзиниот кабинет, оваа информација ја објавија „Гардијан“, „Дејли меил“ и други.

Би-би-си повикувајќи се на свои извори пишува дека Меј нема да остане на функцијата после понеделник.

Таа повторно застана пред пратениците, барајќи да го одобрат законот за брегзит, но повторно се судри со опозицијата и со членовите на сопствената партија. Голем дел од пратениците од нејзината партија ја напуштила салата за време на нејзиниот говор.

Ова е четврти обид на Тереза Меј да ги добие гласовите за договорот за брегзит. Велика Британија требаше да ја напушти ЕУ на 29 март, но Брисел го продолжи крајниот рок до 31 октомври.