Меј и Јункер денеска во Брисел ќе разговараат за брегзит

91

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе отпатува во Брисел за да „добие информација од прва рака за последните случувања околу брегзит“ од претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, соопшти портпаролот на Еврокомисијата.

– Европската унија не може повторно да го отвора договорот за повлекување. Ние не можеме да прифатиме временски лимит за прашањата на границата ниту еднострани клаузули околу британското заминување, рече портпаролот Маргаритас Скинас.

Јункер вчера рече оти не очекува плоден состанок со британската премиерка Тереза ​​Меј бидејќи нема доволно показатели дека постои напредок за брегзит.

На денешниот состанок се очекува Меј да побара отстапки, пред сè, кога станува збор за регулирањето на границите помеѓу двете Ирски бидејќи без тоа тешко може да ја добие поддршка во британскиот Парламент.

Меѓутоа, Јункер повтори дека во Европската Унија не постои согласнот повторно да се отворат преговорите за договорот постигнат со британската влада.