Меј бара повеќе време за преговори со ЕУ за границата со Ирска

53

Британската премиерка Тереза Меј се очекува денеска да побара повеќе време за преговори со ЕУ за „бекстоп“ протоколот во однос на ирската граница.

„Бекстоп“ е своевидна безбедносна мрежа која гарантира дека нема да има „тврда граница“ меѓу двете Ирски, дури и ако Велика Британија излезе од ЕУ без договор.

– Разговорите се во круцијална фаза – рече Меј пред обраќањето пред парламентот.

Посочи дека треба да се сочуваат нервите за да се добијат промените кои ги бара Законодавниот дом и да се спроведе Брегзит на време.

– Добивајќи ги промените што ни се потребни за „бекстоп“, со заштита и унапредување на правата на работниците и заштита на животната средина и со зајакнување на улогата на парламентот во следната фаза од преговорите, верувам дека можеме да постигнеме договор што овој Дом може да го поддржи – потенцираше премиерката.