Метеоролозите предвидуваат топлотни бранови низ цела Европа

849

Летото веќе започна во некои делови на Европа минатиот викенд со температури кои се искачија до 30 степени целизусови. Велика Британија, Франција, Португалија и Шпанија минатиот викенд се соочија со топлотен бран, иако метеоролозите прогнозираат дека температурите повторно ќе паднат следната недела.

Топлотните бранови би можеле да бидат тренд ова лето во Европа, според летната прогноза за 2019 година. Во Франција, Шпанија и Португалија се можни температури и до 40 степени целзиусови.

„Метео Франција“ пишува дека Европа и Франција ќе се соочат со повисоки температури ова лето, а државната метеоролошка агенција на Шпанија издаде предупредувања за високи температури во делови од Андалузија во текот на викендот.

Топлотните бранови и сувото време во Европа би можеле да стават неколку земји на ризик од шумски пожари, а северниот дел на Португалија, Шпанија и Алпите се под најголем ризик, покажуваат прогнозите за ова лето.

-Високите температури може да достигнат 40 степени целзиусови во делови од јужна и источна Франција од јули до почетокот на август, изјави Тајлер Ројс, експерт за температури.

„Метео Франција“ предвидува дека сушните услови може да влијаат и на северните делови на Европа.