Меркел ја поздрави размената на затвореници меѓу Русија и Украина

57

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека размената на 70 затвореници меѓу Украина и Русија е „знак на надеж“ и повика на продолжување на спроведувањето на мировниот договор за источна Украина.

– Размената на затвореници меѓу Русија и Украина е знак на надеж … Вреди да се продолжи да се работи на спроведување на мировниот договор за источна Украина. Германската влада е подготвена за тоа – напиша портпаролот на канцеларката Стивен Зајберт на Твитер.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека размената на затвореници е „првиот чекор“ кон крајот на војната со проруските бунтовници во источна Украина, каде за пет години настрадаа речиси 13.000 луѓе.