Меркел: Урсула фон дер Лејен е посветена Европејка

76

Германската канцеларка, Ангела Меркел, ѝ честиташе на нејзината долгогодишна соработничка Урсула фон дер Лејен на изборот за претседателка на Европската комисија, истакнувајќи дека досегашната германска министерка за одбрана е посветена Европејка.

– Мило ми е поради тоа што посветена Европејка ќе стане претседател на Европската комисија. Иако ја губам својата долгогодишна министерка, добив нов партнер во Брисел – напиша Меркел на нејзиниот профил на Твитер.

Фон дер Лејен е прва жена што ќе ја предводи Европската комисија, но и првиот германски државјанин што стапува на чело на извршната власт на Европската Унија.