Меркел: Останува забраната за извоз на оружје во Саудиска Арабија

84

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека не ги гледа нападите врз Саудиска Арабија како причина за прекинување на германската забрана за извоз на оружје во земјата.

Влијателeн пратеник од Христијанско-демократскиот сојуз на Меркел предложи Германија да размисли за дозвола на извоз на системот за одбранбено оружје во Саудиска Арабија, објави АП.

Меѓутоа, Меркел рече дека во моментот не гледа услови за промена на ставот на германската влада.

Иако ги осуди нападите врз Саудиска Арабија, таа рече дека забраната стапила во сила делумно поради загриженоста на Германија за конфликтот во Јемен, кој не е променет.