Меркел: Не е загарантиран успешен договор за Брегзит

151

Германија прави сė за да обезбеди Европската унија(ЕУ) и Британија да постигнат договор за разделба, изјави германската канцеларка Ангела Меркел, предупредувајќи истовремено дека успешниот исход не е загарантиран.

Во обраќањето на финансиската конференција во Франкфурт во вторникот, германската лидерка рече дека трговски договор меѓу двете страни би можел да ја чини основата на нивните идни односи и дека јасните условите на разделбата мораат да бидат договорени оваа есен, пренесува Ројтерс.