Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзит

60

Британскиот премиер Борис Џонсон и германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение за излез на Велика Британија од Европската Унија (ЕУ).

Конкретни предлози за тоа како да се реши спорот околу, според Џонсон, особено проблематичниот ќор-сокак околу граничниот сообраќај на Ирска и Северна Ирска, сепак, не беа претставени од двајцата шефови на владите, јавува Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЗ).

Прашањето за границата меѓу Република Ирска – членка на Европската Унија и на Северна Ирска, која заедно со Велика Британија ќе излезе од Унијата, е една од главните пречки во преговорите за брегзит. Брисел инсистира на безбедносен механизам наречен бекстоп, со кој би се спречило враќање на контролата на таа граница доколку во преодниот период не се постигне трговски договор.

Џонсон го повторил своето барање да се отстрани ирскиот бекстоп, но и се спротивставил на царинската контрола на границата на Ирска со Северна Ирска.

Меркел истакнала дека за ова прашањео решението би можело да се најде во следните 30 дена. Џонсон смета дека британската влада во минатото не разговарала интензивно за можни решенија, пренесува ФАЗ.