Меркел и Путин во Москва ќе разговараат за кризата помеѓу САД и Иран

190

Германската канцеларка Ангела Меркел в сабота ќе замине за Москва на состанок со рускиот претседател, Владимир Путин, каде ќе разговараат за американско-иранската криза.

Ова го соопшти портпаролот на германската влада Штефан Зајберт, кој додаде дека заедно со Меркел во Москва ќе патува и германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

На средбата, ќе стане збор и за други актуелни теми, вклучувајќи ги Сирија, Либија, Ирак и Украина.