Меркел и Макрон уживаат најголема доверба во светот

39

Луѓето во светот најмногу доверба имаат во германската канцеларка Ангела Меркел, а во рускиот претседател Владимир Путин имаат повеќе доверба отколку во неговиот американски колега Доналд Трамп, покажуваат резултатите од најновата анкета на истражувачкиот центар „Пју“.

Во анкетата на центарот, чие седиште се наоѓа во Вашингтон, учествувале 26.112 испитаници од 25 држави. Триесет отсто од анкетираните изјавиле оти веруваат дека Путин добро работи, што се однесува за светските прашања, а 34 отсто од нив имаат доверба во кинескиот лидер Си Џинпинг. Истовремено, 27 отсто од испитаниците сметаат дека американскиот претседател добро работи.

Во Меркел, според анкетата, доверба имаат 52 отсто анектирани. По германската канцеларка, следува францускиот претседател Емануел Макрон со 46 отсто.