Меркел: Европа го поддржува нуклеарниот договор со Иран

31

Германската канцеларка, Ангела Меркел изјави дека Европа одлучила да го поддржи нуклеарниот договор со Иран и да се обиде да изнајде решение за да спречи натамошна ескалација, пренесува „Ројтерс“.

– Чекор по чекор ќе продолжиме да се обидуваме да најдеме решение со Иран, за да се спречи продлабочување на тензиите во овој глобално чувствителен регион – изјави таа во долниот дом на парламентот.

Говорејќи за Либија, канцеларката предупреди дека ситуацијата во таа северноафриканска земја се заканува да го дестабилизира целиот африкански континент.

– Ситуацијата во Либија се развива на начин што може да има слични димензии како во Сирија. Наша цел е да направиме сѐ што можеме за да не ескалира во војна – рече таа.