Меркел: Германија нема да испорачува оружје за Турција

26

Германската канцеларка Ангела Меркел објави денеска дека Германија нема да испорачува оружје за Турција, поради воената офанзива што ја започна во Сирија.

Таа во долниот дом на парламентот рече дека од Турција неколку пати побарала да стави крај на воената операција против курдските сили во северна Сирија, пренесува „Ројтерс“.

– Тоа е хуманитарна драма со сериозни геополитички последици, така што Германија нема да ѝ испорачува оружје на Турција во сегашните околности – рече таа.