Меркел: Веќе не можеме да се потпреме на тоа дека САД ги штитат европските интереси

190

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека сега е неопходно Европа да биде обединета, затоа што светот е целосно реорганизиран.

Меркел, која како прв германски канцелар, присуствуваше на седница на Владата на покраината Баварија, на прес-конференцијата во Минхен истакна дека единство во Европа значи сигурност за Германија.

Таа истакна дека сè што се случува во Брисел за време на германското претседателство со Европската унија е многу важно.

– Светот во моментов се реорганизира. Мислењето дека Соединетите држави ја штитат ЕУ веќе не е нешто што може да се земе здраво за готово. Затоа единството во Европа е поважно од кога и да било – рече Меркел.