Меридијани

54

Москва – Земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтер вчера го погоди истокот на Русија кај Курилските Острови, а регионалните власти издадоа предупредување за цунами. Локалното население е евакуирано во повеќе делови на островот, поради опасност од цунами. Нема информации за материјална штета и жртви, јави „Ројтерс“. Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотресот бил во морето, северно од Јапонија и источно од Русија, на длабочина од 59 километри. Епицентарот на потресот бил југозападно од градот Северно-Курилска, на островот Парамушир, каде што се почувствувал и земјотресот.

Пекинг – Можноста од Кина низ светот да се прошири нов вирус, во моментите кога целата планета се соочува со последиците од ковид-19, почна да предизвикува паника на друштвените мрежи, пренесува кинеската агенција на англиски јазик „Глобал тајмс“. Телото на маж што се струполил и починал во автобус вчера во Кина, во провинцијата Јухан, итно е тестирано на коронавирус, но анализата покажала дека тој бил позитивен на сосема друг вирус. Експертите објасниле дека тој не е поврзан со ковид-19, но оти имаат слични симптоми.

Кабул – Вооружени напаѓачи вчера држеа како заложници околу 150 припадници на заедницата сика, откако го нападнале нивниот храм во Кабул, изјавил членот на парламентот, кој ја претставува заедницата, Нарендер Синг Калс. Тој рекол дека поголем дел од заложниците се жени и деца, кои се собрале на утринска молитва. Досега не се слушнати експлозии или пукање од храмот, додал тој. да се стави под контрола. Талибанците негираа вмешаност во инцидентот, јавија западните агенции.

Бон – Регионалниот суд Дрезден осуди еден човек обвинет за формирање „терористичка организација“, а други седуммина за членство на злосторничка група наречена „Револуција Шеминц“. Петмина од нив беа прогласени за виновни поради сериозно нарушување на мирот, додека еден е осуден поради нанесување тешка телесна повреда на друго лице. Судот на сите обвинети им пресуди повеќе годишни затворски казни. Федералните обвинители во Германија во судот расправаа дека сега веќе осудените, меѓу другото, заговарале насилно уништување на демократскиот поредок во Германија, како и набавка на огнено оружје.