Меридијани

32

Сиднеј – Австралиската авиокомпанија „Квантас“ успешно го заврши најдолгиот непрекинат лет од Њујорк до Сиднеј, превезувајќи 50 патници и членови на екипажот. Пробниот лет од 16.200 километри траел 19 часа и 16 минути. Авионот полета од аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк во петокот вечер и вчера слета на аеродромот „Кингсфорд Смит“ во Сиднеј. Авионот и неговите патници беа подложени на тест за ментална и физичка издржливост.

Хонгконг – Повеќе илјади демонстранти, од кои поголемиот број носеле маски и покрај неодамна воведената забрана за покривање на лицата за време на јавните собири, повторно излегоа на улиците на Хонгконг, иако полицијата забрани протести. Демонстрантите носле транспаренти „Ослободете го Хонгконг“, а на еден ѕид осамна графит „Подобро мртов отколку црвен“. Во округот Каулун изминатите недели се случија најголемите судири помеѓу демонстрантите и полицијата.

Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп ја повлече одлуката наредниот самит на Г7 да се одржи во неговиот хотел „Дорал“ во близината на Мајами, на Флорида. Трамп ја повлече одлуката по многуте критики и обвиненија дека го користи својот мандат за да се збогати со тоа што ќе биде домаќин на меѓународниот самит, во неговиот приватен хотел.