Меридијани

81

Хагатња – Капетанот на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ со екипаж од 4.000 лица побара итна помош за да се спречи ширењето на коронавирусот на бродот. Најмалку 100 члена на екипажот биле тестирани позитивни на ковид-19. Не сме во војна. Морнарите не мора да умрат, напишал во писмо до Пентагон капетанот Брет Кроциер, кој предложил карантин речиси за целиот екипаж. Носачот во моментот е закотвен во Гуам.

Њујорк – Актуелната пандемија на коронавирус е најголемиот предизвик за светот по Втората светска војна, предупреди генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. Тој посочи дека пандемијата веројатно ќе доведе до голема глобална рецесија.

Москва – Русија испрати авион со заштитни маски и медицинска опрема за САД откако американскиот претседател Доналд Трамп во телефонски разговор со рускиот колега Владимир Путин за ковид-19 и за други теми прифатил хуманитарна помош од Русија. Критичарите тврдат дека Путин ќе го искористи гестот за да ја засили руската пропаганда и да ги ублажи американските санкции.