Менхетен во мрак, над 180 илјади луѓе останаа без струја

81

Поради прекин во електричната енергија, голем дел од Менхетен остана во темнина разно изутринава. Десетици илјади луѓе во другите населби во Њујорк сè уште се без електрична енергија по поминувањето на тропската бура Исајас.

Портпаролот на електроенергетската компанија „Консолидејтед Едисон“ изјави дека денешното затемнување започнало во 5.13 утрово во Харлем, горната западна страна и горната источна страна на Менхетен и дека биле погодени околу 180.000 корисници. Паузата траела околу половина час. Уште 5.000 корисници останале без електрична енергија во Квинс.

Засега не е позната причината за утринските прекини на електрична енергија, кои зафатија и неколку линии на метрото. Како што јавуваат медиумите, екипите работат нон-стоп за да ја вратат електричната енергија низ градот, откако тропска бура го погоди американскиот источен брег на почетокот од неделава.

Повеќе од 60.000 жители на Квинс, Статен Ајленд и Бронкс сè уште се без електрична енергија, објави компанијата „Кон Едисон“, наведувајќи дека снабдувањето нема да биде повторно воспоставено за многу од нив пред недела вечер.