Мексико се пресметува со нарко-картелите

78

Мексиканските безбедносни сили уапсија во Мексико Сити 31 лице поради сомнеж дека се поврзани со нарко-картелите, а во акцијата се запленети 50 килограми синтетички дроги, повеќе од два тона марихуана и 20 килограми кокаин.

Властите во земјата истакнале дека апсењата се извршени за време на рацијата спроведена во прикриени лаборатории за дрога и подземни тунели, кои нарко-картелите ги користат за пренос на дрога во квартот Тепито, во центарот на Мексико Сити, пренесе „Ројтерс“.

Британската агенција наведе дека безбедносните сили на Твитер објавиле видео-снимка на која се гледаат војници со воена опрема додека со паркирани оклопни возила ги блокираат крстосниците во близина на местото на кое е извршена рацијата.

Во акцијата запленети се 50 килограми синтетичка дрога, над два тони марихуана и 20 килограми кокаин.