Мексико: Разделувањето на деца од родителите мигранти е нехумано

54

Министерот за надворешни работи на Мексико Луис Видегарај изјави денеска дека разделувањето на децата на мигрантите од нивните родители на граница со САД е „сурово и нехумано“ постапување и го повика Вашингтон да ја преиспита својата политика.

Видегарај на прес-конференција рече дека мексиканската влада јасно и го ставила до знаење својот став по тоа прашање на американската страна.

Мексиканската влада за тоа прашање разговарала и со високи претставници на ОН, вклучувајќи го и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.