Маск тврди дека производството на „Тесла“ е саботирано

71

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск во писмо распространето до вработените на компанијата вели дека неименуван човек, кој работи во компанијата, ги саботирал нејзините операции. Ова, наводно, се правело со менување на кодот на оперативниот систем за производство и испраќање важни информации на трети компании.

„Тесла“ одби да даде официјален коментар. Во писмото на Маск, до кое дошле неколку медиуми во САД, тој спомнува дека дознал за саботажата изминатиот викенд. Во писмото, исто така, се објаснува дека причината за овие постапки од страна на работникот е поради барањето за покачување, што не го добил.

Маск додава дека истрагата за актите на саботерот ќе се одржи во текот на неделата. Тој, исто така, вели дека постојат голем број на организации кои сакаат „Тесла“ да пропадне, вклучувајќи ги и оние од нафтената индустрија, конкурентските производители и шпекуланти на Вол Стрит.

Интересно е да се додаде дека во неделата имало мал пожар во фабрика на компанијата.