Макрон ја претстави новата француска нуклеарна класа подморници „Баракуда“

124

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја претстави најновата француска нуклеарна класа подморници „Баракуда“, програма од 9 милијарди евра за која Париз вели дека е клучна за одржување на поморското присуство во наредните децении.

– Франција е земја со долгогодишно искуство која знае дека најголемите успеси се оние што доаѓаат со текот на времето од искуството на докажано знаење во текот на годините – рече Макрон при претставувањето на подморницата.

Тој се обрати и на оние кои работеа на подморниците.

– Не градите само подморници. Она што го градите е всушност независноста на Франција. Она што го градите е нашиот суверенитет – додаде тој.

Подморницата „Суфрен“ беше претставена на нејзиниот сув док во Шербур. Макрон рече дека првата француска подморница, исто така, била пуштена во Шербур во 1899 година. Подморницата од црн челик, долга 99 метри е делумно покриена со боите на француското знаме.

Француската влада нарача шест од подморниците од 5.000 тони направени од страна на групацијата „Навал“, во која компанијата за одбрана Талес поседува 35 отсто од акциите.

Австралиската министерка за одбрана, Линда Рејнолдс, присуствуваше на церемонијата на претставување на подморницата. Австралија неодамна нареди подводна флота од класа на не-нуклеарни подморници за напад од групацијата „Навал“.

Француската морнарица очекува да ја преземе испораката на првата подморница, наречена „Суфрен“ во 2020 година, а останатите ќе влезат во служба во текот на следната деценија, заменувајќи ги француските подморници од класата „Руби“.

– Постои огромна потреба да бидеме присутни во зоните на конфликт и да бидеме во состојба да претставуваме закана кога е потребно – изјави синоќа генерал Франсоа Лекојнте, шеф на одбраната на кабинетот.

Франција очекува класата „Баракуда“ да остане во употреба до најрано 2060 година. На комплексниот проект работеа околу 10.000 мажи и жени.