Макрон: Со Берлин немаме ист став за брегзит

40

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека француско-германското пријателство не значи дека двете земји не смеат да имаат различни ставови кога е, на пример, во прашање брегзит или односите со САД.

– Културата на компромиси е многу важна, и јас многу од тоа научив од канцеларката Ангела Меркел, но тоа не треба да го спречи изразувањето на францускиот став, ако тој постои – изјави Макрон.

Како што пренесе „Ројтерс“, Макрон истакна дека конструктивната конфронтација понекогаш е неопходна за да дојде до компромис.

– По прашањето за брегзит, не сме баш на иста линија – рече Макрон.