Макрон: Нема да дозволам ниту една земја да нѐ храни со сепаратисти

32

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, изјави дека ќе ја ограничи праксата други земји да праќаат имами и учители во Франција, со цел да го запре сепаратизмот.

Тој рече дека постепено ќе го ограничи системот според кој Алжир, Мароко и Турција испраќаат имами во Франција, додавајќи дека со тие земји постигнал договор освен со Турција.

– Нема да дозволам на ниту една земја да нѐ храни со сепаратизам – посочи Макрон.

Според него, ставањето крај на исламскиот конзуларен систем е важен за да се ограничи странското влијание и да се обезбеди почитување на законите во земјата, пренесеува „Ројтерс“.

Макрон наведе дека годишно во Франција доаѓаат 300 имами и посочи дека побарал од француските институции кои го претставуваат исламот да обезбедат имамите да се обучуваат на француска територија.