Макрон: Имаме доказ дека режимот на Асад го извршил хемискиот напад во Дума

559

Францускиот претседател Емануел Макрон денска изјави дека постои доказ оти режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад употребил хемиско оружје при нападот врз Дума во саботата.

– Имаме доказ дека хемиското оружје што е употребено е хлор и дека тоа било користено од страна на режимот на Башар ал-Асад – изјави Макрон во интревју за француската текевизија ТФ1.

Тој нагласи дека сега кога постои доказ, меѓународната заедница ќе одговори на нападот „во време што таа ќе го избере и кога ќе процени дека ќе биде најкорисно и најефикасно”.