Францускиот претседател Емануел Макрон при неговата посета на Португалија го изнесе својот став за идната реорганизација на Европска унија и на Европа, која за десет до 15 години би имала „три круга“.

Според него, во клучниот круг, „срцето на реакторот“ би била зајакнатата евро зона со Германија и Франција како столб. Првиот круг би бил поинтегриран пазар на трудот, со силни социјални права, дури и заедничко осигурување од невработеноста.

Во вториот круг, според Макрон, би биле земјите членки на Европска унија „со силен единстствен пазар, некаде помеѓу поширока ЕУ и евро зоната“, кои ако би сакале да напредуваат, би можеле да влезат во евро зоната со посебен буџет, европски монетарен фонд и посилно политичко уредување.

Вториот круг на темелно реформирана ЕУ, покрај силниот единствен пазар, според Макрон, би можеле да се вклучат и воени, политички и трговски политики на ЕУ што би „гарантирале вистинската слобода на движење внатре во зоната“.

Најширокиот круг би претставувал „унија на вредности, демократски начела и економски слободи“ некаде помеѓу ЕУ и Советот на Европа, која би била помалку интегрирана, во кој би имало место и за Русија и за Турција, но така што тие држави би усвоиле и строго би ги почитувале европските демократски вредности.

– Во најширокиот круг би можело да има место и за Русија и за Турција, иако не мора да бидат членки, туки да имаат „блиски договори за асоцијација, истакна Макрон.

Лисабон е прва земја од турнејата на Макрон по земјите членки на ЕУ со цел да објасни и да добие поддршка за својата идеја за реорганизирана, економски, политички и одбранбено зајакната Унија, со што трајно би се надминале сегашните кризи и предизвици, вклучително и неизвесноста и сомнежите за одржување на стратешкото сојузништво Европа – САД.

Макрон не спомна влез на нови земји во ЕУ, но го повтори ставот дека ЕУ прво треба да зајакне, да ги обнови своите редови, да ги превенира кризите кои би можеле да ја погодат, не може да прими нови членки од Западен балкан.

Францускиот претседател во септември минатата година нагласи дека земјите од Западен Балкан поради мирот и стабилноста во Европа треба да станат членки на ЕУ но откако во целост ќе ги усвојат „правните текови“ и демократски барања на Унијата. Тогаш тој предупреди дека тие држави не би смееле да се свртат кон Русија, Турција или „авторитарни сили кои не ги почитуваат европските вредности“.