Макрон до Џонсон: Нема време за нов договор за брегзит

89

Францускиот претседател, Емануел Макрон, непопустливо му порача на британскиот премиер, Борис Џонсон, дека нема доволно време да се преговара за нов договор за брегзит.

На своето прво патување во странство по стапувањето на премиерската должност пред еден месец, Џонсон ги предупреди германската канцеларка Ангела Меркел и Макрон дека на 31 октомври ќе се соочат со тврд брегзит, без договор, доколку ЕУ не се согласи на нова спогодба.

Судбината на Велика Британија лежи само во рацете на Џонсон, рече Макрон, додавајќи дека иако излегувањето без договор не е пожелно сценарио за ЕУ, блокот е подготвен и за таква можност.

-Сакам да бидам многу прецизен: во месеците што следат, нема да најдеме нов договор за повлекување кој значително би отстапувал од оригиналниот – рече францускиот лидер во дворот на Елисејската палата, стоејќи веднаш покрај Џонсон.

Но тој додаде дека никој нема да чека до 31 октомври без да се потруди да најде добро решение.

Во својот говор, францускиот претседател јасно ставил до знаење дека нема да попушти.