Макрон верува дека Нотр Дам ќе биде обновена за пет години

91

Претседателот на Франција Емануел Макрон изрази уверевање дека катедралата Нотр Дам ќе биде обновена во рок од пет години, по синоќешниот голем пожар.

– Ние повторно ќе ја изградиме Нотр Дам, катедралата ќе биде уште поубава, а јас сакам се да заврши во рок од пет години – изјави Макрон, дополнувајќи дека катастрофата треба да биде претворена во шанса за здружување и слога.