Маж со нож ја нападна полицијата во Париз

115

Полицијата во Париз со гумени куршуми и електрошокер неутрализираше човек кој вооружен со нож се обиде да ги нападне. Според информациите на службите за итни случаи, полицијата била повикана поради семејна расправија. Притоа биле нападнати од човек за којшто се известува дека имал ментално растројство. Во инцидентот нема повредени.

Првично, медиумите објавија дека жена повикала полиција поради конфликт меѓу двајцата мажи, кои биле вооружени со ножеви. Кога пристигнала полицијата, еден од нив со нож се обидел да ја нападне полицијата извикувајќи „Алаху Акбар“.