Маж со нож се обидел да нападне полициска станица во Каталонија

103

Шпанската полиција соопшти денеска дека пукала во маж вооружен со нож, кој се обидел да изврши напад на полициска станица во Каталонија.

Регионалната полиција Мосос објави на својот налог на Твитер дека мажот влегол во полициска станица во Каталонија некаде по 4 часот утрово по локално време „со цел да нападне службеници“, по што бил застрелан.

Засега не е познато дали напаѓачот починал, а портпаролот на полицијата изјави дека не може да открие повеќе детали за инцидентот.