Маж избоден со нож во џамија во Лондон, осомничениот е уапсен

56

Маж е уапсен по нападот со ладно оружје во џамија во центарот на Лондон во кој едно лице е повредено, соопшти лондонската полиција.

– Еден човек беше уапсен на лице место и осомничен за обид за убиство – соопшти полицијата, додавајќи дека 70-годишен маж е повреден во инцидентот.

Нападнатиот маж е пронајден со повеќе повреди кога пристигнала брза помош и е однесен во болница од каде се наведува дека неговиот живот не е загрозен, јави Би-Би-Си.

Според очевидци, нападнат е мујезинот кој ја предводел молитвата. Полицијата не верува дека станува збор за терористички напад.