Мадуро ќе се повлече доколку опозицијата победи на парламентарните избори

76

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека е подготвен да се повлече ако опозициските сили на земјата победат на парламентарните избори на 6 декември, пренесува ТАСС.

– Ако победиме, продолжуваме понатаму, но исто така треба да кажам дека мојата судбина е во ваши раце. Ако победи опозицијата, јас ќе се повлечам од функцијата претседател – рече Мадуро во телевизискиот говор.

Тој додаде дека неговата судбина треба да ја реши народот на Венецуела.

– Ако опозицијата победи на изборите, јас повеќе нема да останам овде, мојата судбина е во рацете на венецуелскиот народ – рече Мадуро.

Изборите за еднодомниот парламент на Венецуела ќе се одржат в недела, а за места ќе се борат 107 политички партии и здруженија. Опозицискиот блок, во кој се наоѓа партијата на опозицискиот политички Хуан Гваидо, одлучи да ги бојкотира изборите.