Мадрид одлучи: Ексхумација на посмртните останки на Франко

163

Шпанската влада објави дека ќе ги ексхумира и пренесе посмртните останки од поранешниот воен диктатор, генерал Франциско Франко, в четврток, 24 октомври.

Како што е соопштено, останките ќе бидат извадени од големиот мавзолеум во комплексот Долина на паднатите надвор од Мадрид и со хеликоптер ќе бидат префрлени во дискретен гроб во близина на главниот град.

Постапката беше одобрена откако Врховниот суд неодамна ги отфрли приговорите на семејството на Франко. Владата донесе одлука за ексхумирање пред да се одржат општите избори во ноември во Шпанија.

Франко управувал со Шпанија од 1939 и 1975 година. Монументалниот мавзолеј на Франко, чиј огромен кровен крст е видлив и од голема оддалеченост, длабоко ја подели Шпанија и по повеќе од 40 години по неговата смрт.

Мавзолејот „Долина на паднатите“, кој е завршен во 1959 година, се наоѓа на околу 50 километри од Мадрид. Се состои од базилика долга 262 метри врежана во карпа и бенедиктинска опатија, а над целиот комплекс стои крст висок 150 метри и тежи речиси 200 илјади тони.