МААЕ: Нема докази дека Ким го исполни ветувањето дадено на Трамп

32

Нема индикации дека Северна Кореја запрела да работи на нуклеарно оружје, соопшти денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

-Продолжувањето и понатамошниот развој на нуклеарната програма на Северна Кореја е причина за голема загриженост, се наведува во соопштението на МААЕ.

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека верува оти Северна Кореја направила некои чекори кон денуклеаризација и дека најверојатно повторно ќе се сретне со лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун.

Трамп и Ким првпат се состанаа на историски самит во Сингапур на 12 јуни, кога водачот на Северна Кореја се согласи да работи на денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров.