Луѓето од целиот свет го гледаа затемнувањето на Месечината

43

Луѓето од целиот свет синоќа го гледаа затемнувањето на Месечината, најдолго во овој век.

Од Ртот на Добра надеж до Блискиот Исток, од Москва до Сиднеј, илјадници луѓе ги вперија очите кон ѕвездите да ја набљудуваат Месечината, која се затемни пред да блесне во портокалова и темноцрвена боја додека заоѓаше во Земјината сенка.

Целосното затемнување можеше да се види од Европа, Русија, Африка и Блискиот Исток, поголемиот дел од Азија и Австралија, иако во одделни места облаците ја покриваа Месечината.

На бреговите на реката Ганг во Индија храмовите беа затворени пред помрачувањето, додека ентузијастите во Сингапур го гледаа овој феномен преку телескоп.

Илјадници луѓе во Австралија платија за следење на помрачувањето од Опсерваторијата во Сиднеј, пред изгрејсонцето.

Помрачувањето се случува кога Месечината ќе влезе во сенката на Земјата.

Освен целосен мрак, луѓето од целиот свет набљудуваат уште еден феномен, односно момент кога Марс и Земјата се најблиску до нивните патеки.      

Овој феномен, наречен „Крвава месечина“ или „Крвав спектакл“, ќе се повтори во 2123 година, така што тоа е единствена можност за набљудување, особено за професионалците од оваа област.  Тие ќе го користат набљудувањето на помрачувањето за проучување на положбата на другите небесни тела.        

За оваа појава постојат различни уверувања кај народот, како што е на пример тоа дека ќе се случи крај на светот.

Астролозите, сепак, истакнуваат дека ноќта на „Крвавата месечина“ е добра за зачнување, а истовремено неповолна за операции.