Лукашенко прогласи победа, опозицијата не го прифаќа поразот

91

Изборите во Белорусија завршија и прелиминарните резултати покажуваат дека актуелниот претседателот Александар Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ќе биде прогласен за победник со огромна предност. Тоа ќе биде негов шести мандат за кој опозицијата веднаш соопшти дека е украден од граѓаните и по објавувањето на првичните резултати излезе на улиците низ градовите да го изрази, како што соопштија тие, незадоволството од долгогодишното владеење на претседателот и „фалсификувањето на резултатите на изборите“.

Како што јави РИА – Новости, повикувајќи се на изборниот штаб на главната опозициска кандидатка Светлана Тихановскаја на претседателските избори во Белорусија, опозиционерката не ги признава резултатите на Централната изборна комисија, каде што, според неа, таа со 80 отсто од гласовите победила на изборите. Во меѓувреме и преостанатите противниците на Лукашенко велат дека резултатите биле лажирани, а илјадници лица вчера излегоа на улиците во Минск и во другите белоруски градови да протестираат против актуелното раководство во земјата.

Како што пренесуваат агенциите, во нередите со полицијата загина едно лице откако специјално полициско возило за растерување демонстранти налетало на него.