Ликот на класата милијардери се менува

515
Џеф Безос моментно е најбогат човек на светот со богатство од 146,9 милијарди долари

Дали Европа станува поамериканска во нејзиното создавање на богатство, додека САД стануваат поевропски?

Милијардерите можеби се разликуваат од нас. Но тие исто така се разликуваат едни од други во начинот на кој се збогатуваат. Генреално, тие се делат  на две класи – иноватори и наследници, пишува „Фајненшл тајмс“.

Впечатливо за 10-те најбогати американски милијардери е што се главно иноватори. Неколкумина од нив, вклучувајќи ги Џеф Безос од „Амазон“, Бил Гејтс од „Мајкрософт“ и Лери Пејџ и Сергеј Брин од „Гугл“ ги основаа сопствените технолошки бизниси.

Овие милијардери го стекнаа богатството од неверојатниот подем на вредностите на акциите на нивните компании. „Амазон“ и „Мајкрософт“ поединечно вредат повеќе од сите 30 најголеми компании на Германија. Ова е триумф на технолошките гиганти и на стекнатото богатство.

За споредба, многумина од најбогатите милијардери од Европа потекнуваат од наследените пари. Според нивната просечна возраст, тие се речиси 20 години постари од американските милијардери. Честопати тие се од класата наследници, кои остварија добивка на „животната лотарија“ или беа родени во веќе етаблирани, индустриски, имотни и бизнис империи. Листата на милијардери кои живеат во Обединетото Кралство на „Сандеј тајмс“, објавена минатата недела, содржи неколкумина наследници на династии, имотни магнати и странски олигарси.

Меѓу најбогатите десетмина, уште има простор за седмиот војвода од Вестминстер, наследникот на имотната империја на војводството создадено од кралицата Викторија во 1874 година. Само Џејмс Дајсон, најбогатиот на листата, има сличности со иноватор во американси стил, кој го создаде сопственото бизнис-богатство.

Шемата на создавање на богатството се конформира кон стереотипот на динамичниот американски капитализам наспроти европското бавно зголемување на богатството без создавање на „нов капитал“. Но дали има пресврт во оваа приказна? Дали Европа станува повеќе американска во смисол на создавање на богатството, како што САД стануваат повеќе европски?

Професорот на бизнис-школата „Стерн“ на њујоршкиот универзитет, Томас Филипон, во својата книга тврди дека САД се откажале од слободните пазари додека Европа најпосле ги прифатила. Пред 20 години, воздушниот сообраќај, телефонските услуги, пристапот на Интернет биле значително поевтини во САД отколку во Европа. Сега, благодарение на концентрацијата на корпоративно богатство во САД и зголемената конкуренција на европскиот заеднички пазар, смената е вистинита.

Трендот е од корист на европските потрошувачи и теориијата сугерира дека пожестоката конкуренција треба да поттикне пожестока иновативност. Но, иако овие „состојки“ се наоѓаат во Европа, „оброците“ нема да се подготват сами.

Има повеќе динамика меѓу класите на милијардери во другите делови од светот, главно во Кина, каде што интернет-богатството беше создадено на слични начини како на западниот брег на САД.

Студијата на институтот „Петерсон“ врз основа на податоците од изминатите 20 години од листата на милијардери на „Форбс“ сугерира дека глобално се зголемува процентот на богатство кое е самостекнато, наместо наследено. Истатата студија објавена во 2016 година потенцира дека стапката на осцилација на приходите на милијардерите опаѓа во САД, што во одредена мера означува дека Америка станува поевропска.

Динамиката на економијата не резултира само од тоа колку бргу претприемачите можат да ги создадат големите богатства. Таа зависи и од тоа колку лесно можат да ги загубат, се заклучува во анализата на „Фајненшл тајмс“.