Лидерот на ЕТА пуштен на условна слобода во Париз

97

Еден од лидерите на поранешната баскиска сепаратистичка организација ЕТА, познат како Хосу Тернера, денеска во Париз е пуштен на условна слобода, откако пред еден месец го уапси француската полиција во соработка со шпанските власти.

Со одлука на францускиот суд, одземен му е пасошот и не смее да го напушти Париз. Додека трае постапката против него, тој еднаш неделно мора да се јавува во полициска станица.

Тернера (68), по кого шпанската полиција трагаше од 2002 година, беше уапсен на 16 јуни во местото Саланчес на француските Алпи, при неговото влегување во болница бидејќи боледува од рак.

Акцијата беше спроведена од страна на шпанската Цивилна гарда и француската тајна служба.