Либискиот моќник го зголеми влогот со ас од ракавот

695

Силите лојални на либискиот моќник Халифа Хафтар го блокираа извозот на нафта од главните пристаништа на државата зафатена од војна, со што ги згомија влоговите непосредно пред меѓународниот самит чија цел е мир во Либија, пишува „Јапонија тајмс“.

Потегот за удар врз главниот извор на приходи на Либија беше во знак на протест против одлуката на Турција да испрати трупи на помош на ривалот на Хафтар, меѓународно признаената влада на Фајез ал-Сараж.

Тој се случи пред денешната конференција во Берлин на која Обединетите нации ќе се обидат да изнудат согласност од светските лидери за прекинување на мешањето во либискиот конфликт, преку испаќање на трупи, оружје или финансирање. Ова е прв ваков собир за конфликтот уште од 2018 година.

– Се што странското мешање може да донесе е некаков краткорочен аспирин-ефект, но на Либија и е потребно странското мешање да престане – истакна пратеникот на ОН задолжен за Либија, Гасан Саламе.

Претседателите на Русија, Турција, Франција, како и државниот секретар на САД Мајк Помпео ќе се приклучат на разговорите. Се очекува и присуството на Хафтар и Сараж, како и на германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас.

По неколкумесечните борби во кои загинаа повеќе од две илјади луѓе, дојде до примирје поддржано од Анкара и од Москва на 12 јануари. Но блокадата на Хафтар предизвика страв за продолжување на конфликтот.

Прекинот на извоз на нафта се очекува да ја намали дневната продукција на државата од 1,3 милиони на 500 илјади илјади барели, што би значело загуби од 55 милиони долари дневно.

– Потегот ја има логиката на уцена. Може да успее, но можно е Вашингтон да реагира лошо – вели Џалал Харчуи, експерт на институтот Клингендел од Хаг.

Халифа Хафтар го прекина извозот на нафта од Либија