Либиската крајбрежна стража спаси 40 мигранти

22
Фото: илустрација

Либиската крајбрежна стража денеска пресретна брод со 40 мигранти, меѓу кои и осум жени и деца, и ги одведе во поморска база во Триполи.

Мигрантите беа запрени во близина на брегот на западниот либиски град Зуваре. Мигрантите се од Мароко, Египет, Сирија и Нигерија.

Либија е главната транзитна област на патот на мигрантите кои бегаат од војните и сиромаштијата од Африка во Европа.