Фон дер Лејен сведочи во истрагата за настаните во германското Министерство за одбрана

39

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен ќе сведочи денес пред комисијата на германскиот парламент, која истражува дали имало прекршоци при ангажирање надворешни експерти во Министерството за одбрана во времето кога таа била надлежна за тој ресор.

Истрагата во парламентот треба да утврди дали се следеле процедурите при скапото ангажирање надворешни експерти за работа во министерството.

Опозиционите пратеници исто така го поставија прашањето за бришење на податоците од два мобилни телефони што ги користела Фон дер Лајен, пренесува АП. Таа рече дека ги вратила телефоните во Министерството и не знаела дека информациите биле избришани.

Фон дер Лајен беше министер за одбрана на Германија од крајот на 2013 година до неочекувана номинација за шеф на Европската комисија во јули минатата година.