Лажни апели за донации за Богородичната црква, француската полиција отвори истрага

144

Отворена е истрага за организирана измама против лица кои објавија лажни апели за донации за финансирање на реконструкцијата на Богородичната црква, соопшти јавното обвинителство на Париз, јавува дописникот на МИА.

Оваа истрага беше иницирана како резултат на тужбата на Фондацијата за наследство против лица кои го искористија пожарот за да прават измама и да бараат донации во нејзино име. Според обвинителството, овие лица продолжуваат преку телефонски повици или преку испраќање пораки кои ги покануваат примачите да ги испратат своите донации со пренос во корист на банкарска сметка чиј извод се пренесува како прилог.

Истрагата, која е доверена на единицата за репресија на криминал на полицијата во Париз, треба да овозможи да се идентификуваат сторителите на оваа измама и да ги запре овие дела, изјави обвинителството.

Во соопштението објавено денеска, Фондацијата за наследство соопшти дека поднела пријава кај обвинителот во Париз и Гугл за појава на измамнички сајт кој ги зема главните карактеристики на нејзината интернет адреса.

Во средата Фондацијата објави дека бројни измами биле пријавени во Франција и во странство. Таа посочи дека не направила никакви повици преку пошта електронска пошта или телефон и дека тоа е дело на измамниците.