Лажна тревога за бомба на железничката станица во Барселона

137

Лажна била тревогата за постоењето на бомба во куфер на главната железничка станица во Барселона, поради што утрово два воза беа евакуирани.

При скенирање на патнички куфер, била забележана содржина што би можело да биде бомба, заради што биле алармирани безбедносните служби.

И во Мадрид евакуацијата исто така била предизвикана од сомненија за експлозивна направа. По извршената проверка, железничката станица била повторно отворена, соопшти шпанската полиција и прецизира дека и во овој случај се работело за лажна тревога.