Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во ММФ

88

Кристин Лагард поднесе оставка од лидерската позиција во Меѓународниот монетарен фонд која ќе стапи на сила во средината на септември. Таа ќе биде новата претседателка на Европската централна банка.

Лагард изјавила дека со нејзината оставка го отвора патот на ММФ да избере нов лидер.

– Со голема јасност околу процесот за мојата номинација за претседател на Европската централна банка и времето кое ќе биде потребно за тоа, донесов одлука која е во најдобар интерес за ММФ – изјави Лагард.

Нејзината оставка следи две недели по нејзината номинација на втори јули за функцијата претседател на ЕЦБ. Таа не поднесе веднаш оставка во ММФ бидејќи беше неизвесно дали новиот Европски парламент ќе ги одобри неа и останатите кандидати да застанат на лидерските позиции на ЕУ.

Ако биде прифатена, на 31октомври, Лагард ќе го налседи Марио Драги.