Лавров: Ќе ги мобилизириме државите од ЕУ за борба против плановите на САД во Венецуела

134

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, изјави дека во телефонскиот разговор со државниот секретар на САД, Мајк Помпео, постигнал договор да продолжат контактите во Венецуела. Лавров претходно рече дека Русија ќе ги мобилизира напорите на државите од Европската Унија кои ја почитуваат Повелбата на Обединетите нации за борба против американските планови во Венецуела.

– Се договоривме да ги продолжиме контактите, особено во Венецуела. Не гледам начин на кој би можеле да се комбинираат позициите – нашите позиции, од една страна, кои се засноваат на Повелбата на ОН и принципите и нормите на меѓународното право и позициите на САД, а од друга, кои именуваат од Вашингтон актуелни претседатели во други држави барајќи легитимните власти да капитулираат и се закануваат со употреба на сила истовремено со репресивни санкции со цел промена на режимот – рекол Лавров.

Ставовите се различни и не може да се спојат, додал тој, но ќе продолжиме со разговорите.

Тој претходно рече дека Русија ќе ги мобилизира напорите на државите од ЕУ кои ја почитуваат Повелбата на ОН за борба против американските планови во Венецуела.

– Нашата позиција за американските планови во Венецуела ќе биде многу едноставна. Ќе мобилизираме група држави кои како нас ја почитуваат Повелбата на ОН за да се спротивставиме на таквите шеми – рекол шефот на руската дипломатија.