Лавров: Русија категорично ги отфрла новите американски санкции

49

Москва категорично ги отфрла новите санкции што САД ги воведоа кон Русија, му порача денеска во телефонски разговор рускиот министер Серегеј Лавров на американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Од руска страна беше порачано дека катергорично ги отфрла санкциите, што неодамна ги најави Вашингтон врз основа на претпоставената информација за учество на Русија во т.н. случај Скрипал, се наведува во соопштението на руското Министерство за надворешни работи за телефонскиот разговор Лавров-Помпео.

Американскиот Стејт департмент во средата соопшти дека САД на 22 август ќе воведат нови санкции кон Русија, поради „употребата на хемиско оружје во обидот за атентат“ врз поранешниот руски двоен агент Сергеј Скрипал во Велика Британија.

Во соопштението натаму се наведува дека Лавров и Помпео се договориле да продолжат со дијалогот за сите теми што се во интерес на Москва и Вашингтон.

– Разгледани беа серија прашања од меѓународната агенда, вклучително и за состојбата во Сирија, како и други теми за кои разговараа претседателите на Русија и САД во Хелсинки на 16 јули, се наведува во соопштението, во кое се нагласува дека телефонскиот разговор се одржал на иницијатива на Вашингтон.