Лавров: Има уште многу на патот кон мировен договор со Јапонија

83

Помеѓу Русија и Јапонија постојат значителни точки на несогласување кои стојат на патот за потпишување на мировниот договор помеѓу двете земји и ставање крај на повеќе деценискиот територијален спор, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Тој, по средбата со јапонскиот министер за надворешни работи Таро Коно во Москва, истакна дека е тешко да се очекува напредок во мировните разговори, а Јапонија претходно да не го признае суверенитетот на Москва над Јужните Курилски Острови.

Русија и Јапонија имаат спор, кој трае седум децении за островите познати во Русија како Јужни Курилски Острови, додека во Јапонија како Северна Територија.