Лавата на Хаваи се шири, жителите предупредени за евакуација

1566

Властите на Хаваи ги предупредија жителите дека лавата, која брзо се движи, се приближува до куќите, кои неодамна беа уништени од ерупции од хавајскиот вулкан Килауеа.

Хавајската служба за цивилна одбрана соопшти дека полицијата, пожарникарите и трупите на Националната гарда ја обезбедуваат зоната на Големиот остров и ги спречуваат луѓето да влезат во неа.

Истовремено, локалните власти ги повикуваат жителите да се подготват за потенцијална евакуација.

Инаку, неизвесно е кога вулканот ќе се смири. 
          
Вулканот на Големиот остров експлодираше во четвртокот, при што исфрли пепел и камења неколку стотици метри во висина.         
  
Според научниците, тоа била најсилната ерупција, иако траела само неколку минути, а се случи две недели откако вулканот почна да исфрла лава кон населбите, 40 километри источно од кратерот.