Лабуристите бараат јавно гласање за брегзит во јуни

38

Британската лабуристичка опозициска партија сака владејачкиот договор за повлекување од Европската Унија јавно да биде гласан кога ќе биде повторно претставен пред пратениците следниот месец, соопшти партискиот портпарол, Кир Страмер, пренесува Би-би-си.

– Владата треба добро да размисли за јавно гласање за договорот. Меѓутоа, она што не можеме да го направиме, тоа е да купуваме време недела за недела, што премиерката го правеше во изминативе месеци – изјави Страмер.